Во близина на Атина, јахта со четворица патници плови без контрола

– Поради проблем со моторот, јахта со четворица патници плови без контрола во Саронскиот залив во близина на Атина и лицата побарале помош за напуштање на јахтата, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, веднаш, на помош пристигнале три брода на грчката крајбрежна служба и хеликоптер на воената морнарица на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во морскиот дел каде што се наоѓа јахтата дува силен ветер со јачина од 8-9 бофори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e