(ВИДЕО) Се урна авион во Москва со 71 патник

Авион на руската компанија Саратов ерлајнс во кој имало 71 патник, се урна денеска во подрачје југоисточно од Москва, а извори од службата за вонредни ситуациаа наведуваат дека нема преживеани.

Агенциата Тасс повикувајќи се на извор од таа служба објави дека се пронајдени делови од авионот Ан-148 што исчезна од радарите непосредно по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово.

Во авионот имало 65 патници и шест члена екипаж.

Авионот сообраќал кон Орск град што се наоѓа во близина на границата меѓу Казахстан и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e