(ВИДЕО) Момчињата од пештерата во Тајланд првпат во јавност

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела се спасени од поплавената пештера, денеска прв пат се појавуваат во јавноста на конференцијата за новинари во Чијанг Раи.

 Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела се спасени од поплавената пештера, денеска прв пат се појавуваат во јавноста на конференцијата за новинари во Чијанг Раи која ќе биде пренесувана од национална телевизија.

Групата на конференцијата за новинари одговара на прашања за своите искушенија, а потоа ќе им биде дозволено да се вратат кај своите семејства.

– Причините за одржување на оваа конференција за новинари се прашањата кои би можеле да им ги постават новинарите , а после тоа може да се вратат да го продолжат нивниот нормален живот без медиуми кои ќе ги вознемируваат -, рекол портпаролот на шефот на владата на Тајланд.

Тој додал дека тоа ќе биде нивно „единствено официјално интервју“; кажувајќи дека „после овој , нема да има други разговори со новинарите“.

Тие ги замолиле медиумите и јавноста да ја почитуваат приватноста на момчињата откако се спасени, бидејќи, како што наведуваат, изненадно медиумско внимание може да се одрази на менталното здравје на дечињата

– Не знаеме какви рани носат тие деца во срцата – рекол денес пред новинарите претставник на тајландското Министерство за правда.

Прашањата кои ги поставиле новинарите се прегледани од психијатри за да се осигураат дека нема да бидат вознемирувачки за децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e