(ВИДЕО) Еден мртов, откорнати дрвја и покриви по силната бура што ја погоди Хрватска

Силно невреме синоќа го погоди подрачјето на Шибеник, при што еден човек го загуби животот.

Хрватските медиуми пишуваат дека итните служби интервенирале во текот на целата ноќ, а ветерот корнел дрва и покриви.

„Според нашата евиденција, утрово до 6 часот, на подрачјето на Шибеник и Бродарица, оштетени се 16 автомобили“, изјави службеник од центарот на Итната служба.

Пријави за уништени возила, меѓутоа, пристигнале и по шест часот.

Мажот кој го загуби животот, за време на бурата пловел со рибарски брод, околу 23:30 часот. Покрената била голема потера што завршила трагично. Околу 3 часот по полноќ, мажот бил пронајден мртов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e