(ВИДЕО) Автобус што превезувал средношколци од Алабама завршил во бездна длабока 20 метри

Eдно лице загина, а повеќемина се повредени во сообраќајна незгода при која автобус што враќал средношколци од Хјустон во Алабама излетал од надвозник висок околу 20 метри.

Несреќата се случила околу 6 часот наутро, по локално време, на околу 30 километри од градот Мобил во Алабама, во областа Болдвин. Шерифот на оваа област, Хју Хос Мек, потврдил дека во несреќата загинало едно лице.

Туристичкиот автобус кој превезувал средношколска група излетал од автопатот и паднал во ендек од височина од околу 20 метри, при што биле повредени меѓу 12 и 20 лица.

Инаку, учениците се враќале дома од екскурзија во Дизниленд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ