(Видео) Авионот на Путин под опасна закана на швајцарски воени ловци

Русија е гневна на швајцарските власти кои дозволиле опасен прелет на воени ловци во непосредна близина на службениот авион на рускиот претседател Владимир Путин.

Во владиниот руски авион се превезувале новинари кои биле упатени на Азиско-Пацифичкиот Економски самит, кој ќе се одржи во Лима, Перу. Рускиот претседател Владимир Путин ќе земе учество на Јужно-Американскиот настан, но не се наоѓал на летот.

Андреј Колешников, главен уредник во Рускиот магазин „Пионер“ на Фејсбук напишал, „Летаме кон Перу, на самитот на АПЕК. Летаме низ Швајцарија. Одененадеж, авионот е блокиран од три страни од воени авиони. Ова се авиони на Швајцарското воено воздухполовство.“

Засега властите во Швајцарија не го коментираат настанот, ниту пак причината за опасниот прелет на ловците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e