Уапсен програмерoт на Асанж

Министерката за внатрешни работи на Еквадор, Марија Паула Ромо, соопшти дека е уапсено лице за кое постои сомневање дека е клучен играч на Викиликс, близок на основачот на оваа организација Џулијан Асанж, а неименуван претставник на еквадорската влада откри дека тоа е шведскиот програмер Ола Бини.

Ромо рече дека лицето, кое не го именуваше, било уапсен под сомнение за заговор против владата во Кито, а апсењето било извршено на аеродромот во главниот град на Еквадор кога човекот се обидел да се качи на лет за Токио.

„Човек близок на Викиликс, кој имаше постојан престој во Еквадор, беше уапсен во попладневните часови, додека се подготвуваше да отпатува во Јапонија”, напиша Ромо на „Твитер“ минатата ноќ.

АП забележува дека ова апсење се случи само неколку часа по апсењето на Асанж во Лондон, затоа што владата на Еквадор му го укина азилот, отворајќи го патот за негова екстрадиција во САД.

Според „Си-ен-ен“, Ромо кажала дека уапсеното лице живеело неколку години во Еквадор и дека често патувал во Лондон.

„Тој е уапсен само поради истрагата”, рече министерката на Еквадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e