Турција: Уапсени 124 лица осомничени дека се поврзани со ИД

– Турската полиција денеска уапси најмалку 124 лица осомничени дека се поврзани со Исламска држава (ИД).

Во Анкара се уапсени 33 странски државјани во заедничката операција на антитерористичка полиција и националната разузнавачка агенција, додека во Истанбул се претресени 31 куќи и се уапсени 24 лица, од кои четворица се странци.

Полицијата утрово изврши рација во градот Батман, југоисточна Турција, уапсени се 22 лица, а рации се спроведени и во Адана, во Кајсери, во Самсун и во Бурса каде се уапсени 45 лица.
Според турските медиуми, уапсените во Анкара се од Ирак, Сирија и Мароко, а се трага уште по 17 лица.

Во Турција во 2015 и во 2016 година загинале 300 луѓе при напади на ИД и курдските екстремисти.

Во 2019 година, Турција депортираше 778 членови на ИД во нивните матични земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e