Трамп со нов план за указ за емигрантите

Доналд Трамп размислува за издавање на нов указ за забрана за влез во САД на граѓани од одредени земји, откако неговиот прв обид за воведување на ваква забрана беше блокирана од американските судови, пренесува „Би-би-си“.

Трамп изјавил дека новиот указ бил можел да биде издаден во понеделник или во вторник, следната недела.

Ваквата негова реакција доаѓа откако апелацискиот суд во Сан Франциско ја потврди одлуката на судот за укинување на указот на Трамп со кој требаше да биде забранет влезот во САД на државјани на седум претежно муслимански земји.

Засега е нејасно што точно планира Трамп, што ќе содржи и како ќе го спроведе новиот указ што го најавува.

„Ние ќе победиме во оваа битка. Потребно е само време за да победиме. Имаме и многу други опции, вклучувајќи го и донесувањето на целосно нов указ“ изјавил Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e