Трамп: Овој напад е казна за Асад за хемискиот атак врз цивили

САД, Франција и Велика Британија изведоа воени напади во Сирија гаѓајќи со ракети повеќе цели, за, како што изјави американскиот претседател Доналд Трамп, да го казнат сирискиот претседател Башар ал Асад за хемискиот напад врз цивили и да го одвратат од повторување.

Уништени се клучни цели, а според сириската војска, немало човечки жртви туку само материјална штета.

Додека претседателот Трамп зборуваше од Белата куќа, експлозиите од ракетите на сојузниците го осветлуваа Дамаск, главниот град на Сирија. Според Пентагон, нападите се насочени кон „срцето на програмите на Асад за развој и производство на хемиско оружје“.

Целиот текст на РСЕ можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e