Трамп нудел 10 илјади долари за секс со порно ѕвезда

Џесика Дрејк (десно) се појави на прес конференција со адвокатката Глорија Алред, која пред тоа веќе презентираше два случаи на жени што тврдат дека Трамп кон нив покажал непристојно однесување.

Порно ѕвездата и учителка по секс Џесика Дрејк (42) е единаесеттата жена која најави дека ќе го тужи американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за непристојно сексуално однесување.

 Таа се појави на прес конференција во Лос Анџелес со адвокатката Глорија Алред, која пред тоа веќе презентираше два случаи на жени што тврдат дека Трамп кон нив покажал непристојно однесување.

Во соопштение пропратено со слика од неа и Трамп од пред 10 години на некаков турнир за голф во Калифорнија, таа тврди дека републиканскиот кандидат ја фатил неа и уште две други жени и ги бакнал во уста „без да побара одобрение“. Потоа, според тврдењето на порно ѕвездата и секс учителка тој и понудил  10.000 долари за да го придружува во соба на забава.

Либертас

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e