Трамп: Ако има воена акција, тоа ќе биде тажен ден за Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека би сакал да избегне воена акција како решение за нуклеарните закани на Северна Кореја. Тој нагласи дека претходните дипломатски обиди не успеале да го спречат Пјонгјанг во развојот на ракети.

– Воена акција е секако опција. Дали е тоа неизбежно? Ништо не е неизбежно, изјави Трамп.

Тој сепак, наведе дека повеќе би сакал воената акција да биде извегната. – Доколку тоа го искористиме во Северна Кореја (воена акција), тоа ќе биде многу тажен ден за таа држава, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e