Товарен авион се урна во Богота

Пет членови на екипажот загинаа, а едно лице е тешко повредено при падот на товарниот авион „боинг 727“ во Колумбија, соопшти колумбиската цивилна авијација.

„Пет членови на екипажот загинаа, а шестиот член е тешко повреден и веднаш е префрлен во најблиската болница“, наведе авијацијата.

Авионот се урнал неколку минути по полетувањето. Во авионот биле само членовите на екипажот.

Причината за несреќата до овој момент сеуште не е позната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e