Тинејџер го убил 7-годишното девојче

Тинејџер призна дека го убил 7-годишното девојче чие тело беше најдено во контејнер, во близина на нејзиниот дом во Виена, соопшти полицијата.

Телото на девојчето беше најдено во саботата утрото кога ѓубреџии го пранеле контејнерот во областа Дублинг во Виена. Таа беше пријавена за исчезната претходниот ден од нејзини роднини.

Сосед на возраст од 16 години е уапсен ноќеска и го признал убиството, велејќи дека чувствувал гнев кон се во моментот на убиството, не кажувајќи конкретен мотив.

Тинејџерот го однесол девојчето во бањата во неговиот стан. „Таа не знабележала дека тој со него има кујнски нож“, велат од полицијата.

Тогаш ја нападнал избодувајќи ја во вратот.

Според адвокатот на семејството на девојчето, тоа што убиецот е фатен е олеснување за нив, одобено за мајката.

„Таа се чувствува подобро, па излегува од станот“, додава адвокатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e