Телото на исчезнатото 7-годишно девојче пронајдено во контејнер

Tелото на 7-годишно девојче пријавено за исчезнато во саботата најдено е во контејнер, соопшти полицијата во Виена, Австрија.

Телото е најдено во саботата утрото, во областа Дублинг кога ѓубреџии дошле да го испразнат контејнерот.

„Малото девојче последно било видено до 15 ласот во петокот“, вели портпаролот на полицијата. „Пријавена е за исчезната во 23.30 часот од роднини“, додава таа.

Контејнерот каде е најдено нејзиното тело завиткано во пластична вреќа е многу блиску до блокот згради каде живеела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e