Србија избра претседател во прв круг

Кандидатот на СНС и актуелен премиер на Р.Србија, Александар Вучиќ, на денешните претседателски избори извојува победа во првиот круг.

Според неофицијалните резултати, Вучиќ освоил над 55% од гласовите, односно 12% повеќе од сите останати кандидати.

Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места.

Претседателот на Државната изборна комисија Владимир Димитријевиќ, за РТС изјавил дека изборниот ден минал мирно, имало мали неправилности но тие, според Димитријевиќ, биле брзо отстранети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e