Спасени се четворицата патници од јахтата што пловеше без контрола

Со хеликоптер на грчката воена морнарица и со танкер биле пренесени на копно четворицата патници на јахтата што поради проблем со моторот, пловеше без контрола во близина на Атина.

Како што соопшти грчката крајбрежна служба, синоќа добиле известување за проблемот со јахтата и веднаш биле испратени брод и реморкер, меѓутоа и покрај континуираните обиди, поради лошите временски услови било невозможно да се извлече јахтата, по што капетанот побарал стопирање на операцијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Веднаш потоа интервенирал хеликоптер на грчката воена морнарица, презел тројца од патниците и ги префрлил на копно, додека пак четвртиот патник бил преземен од танкер што се наоѓал во близина.

Јахтата што тргнала од Коринтскиот канал, а крајната дестинација било атинското пристаниште Лаврио и понатаму е во морето.

Во морскиот дел каде што се наоѓа јахтата дува силен ветер со јачина од осум – девет бофори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e