Сириската влада обвинета за употреба на хлорин во предградие на Алепо

Сириските власти се соочуваат со обвинувања дека со хеликоптери фрлиле буриња-бомби кои содржеле гас хлорин во предградие на Алепо. Во нападот, како што пренесува „Би-би-си“, повредени биле 80 лица.

Волонтери од службите за итна помош изјавиле дека луѓето имале тешкотии со дишењето по нападот на областа Сукари.

Засега извештаите за употребата на хлорин немаат независна и официјална потврда.

Истрагата на Обединетите нации минатиот месец излезе со заклучок дека сириската влада во најмалку два случаи користела хлорин. Сепак, властите во Дамаск досега ги отфрлија сите наводи и обвинувања дека користат хемиско оружје.

Нападот во Алепо, како што пишува „Би-би-си“, се случува во пресрет на средбата на лидерите на сириската опозиција во Лондон, на која треба да биде понуден нов транзиционен план за ставање крај на петгодишната граѓанска војна во Сирија.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e