Сирија ги повикува сите бегалци да се вратат дома

Министерот за надворешни работи на Сирија, Валид Муалем ги повика бегалците од таа земја да се вратат во своите домови.

Тој го повтори владиниот повик до сириските бегалци кои живеат во соседните држави да се вратат во својата земја.

Муалем не ја спомнал директно забраната за влез во САД која на државјаните од Сирија им ја воведе администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Кога Муалем се сретнал со Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), Филип Гранди, му нагласил дека Сирија е подготвена да ги прими назад бегалците и да им гарантира достоен живот.

Во граѓанската војна во Срија која започна во 2011 година, загинаа повеќе од 310.000 лица.

Според наводите на УНХЦР, војната приморала 4.8 милиони луѓе да побегнат од Сирија. Турција примила повеќе од 2,7 милиони сириски бегалци, а Либан повеќе од милион.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e