Што му било кажано на синот на Трамп во врска со Клинтон?

На Доналд Трамп Џуниор му било кажано дека руската влада имала информација штетна за поранешниот демократски кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон. Тоа, според извештајот објавен во Њујорк тајмс, му било кажано пред тој да се сретне со руската адвокатка Наталија Веселницкаја. Во извештајот се наведува дека публицистот Роб Голдстон кој помогнал да дојде до нивната средба во јуни 2016 година му испратил мејл на најстариот син на Трамп во кој се кажува дека Веселницкаја имала информација за наводно илегално финансирање на Демократскиот национален комитет што би можело да биде корисно за кампањата на Трамп. Синот на Трамп е повикан во врска со ова да сведочи пред Конгресот, пренесува РСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e