Шкотска подготвува референдум за независност во 2020 година

Шкотска најави организирање на нов референдум за независност во 2020 година и наскоро ќе побара и овластувања што се потребни за законско спроведување на процесот, изјави денеска лидерот на Националната партија на Шкотска, Никола Старџен.

„Наша работа е да донесеме независност. Мојот апел е дека референдумот мора да се одржи следната година. И ние се подготвуваме“, рече Старџен на конференцијата на водечката шкотска партија во Абердин.

Таа најави дека ќе побара трансфер на овластувањата до крајот на годинава, што не остава сомнеж во законитоста на референдумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e