Северна Кореја соопшти дека ќе ги прекине нуклеарните тестови

Северна Кореја соопшти дека ги прекинала тестовите на балистичките ракети со долг домет и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

Севернокорејските медиуми јавија дека прекинот на тестовите започува во сабота.

Северна Кореја одлучила да направи ваков потег со цел одржување на „националниот фокус” и да ја подобри економијата.

Најавата за прекин на нуклеарните и ракетните тестови се случува неколку дена пред севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се сретне со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, во пограничното село,
со цел да се обидат да стават крај на конфликтот меѓу двете Кореи.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e