САД: Уапсени двајца бизнисмени за прекршување на правилата за финансирање на изборна кампања

Двајца бизнисмени од Флорида, кои имале тесни односи со Руди Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, се уапсени поради прекршување на правилата за финансирање на кампања што резултира со донација од 325.000 долари до Одборот за политичка акција што го поддржува реизборот на Трамп.

Лев Парнас и Игор Фруман се уапсени врз основа на четири точки што се однесуваат на ковање на заговор, давање лажни изјави пред Сојузната изборна комисија и фалсификување на евиденција, пренесуваат американските медиуми.

Податоците покажуваат дека двајцата користеле електронски трансфери на правно лице, што тие го контролирале за да дадат донација од 325.000 долари во Сојузната изборна комисија.

Според обезбедените податоци што станале јавни во рамки на поднесеното обвинение, правното лице за кое било пријавено дека ја направило трансакцијата всушност не било вистинскиот извор на парите.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e