САД со критики до Турција поради репресиите на опозицискиот печат

Владата на САД ги осуди репресиите врз слободата на печатот во Турција, откако турската полиција го уапси главниот уредник и други новинари на весникот „Џумхуриет“.

 – САД се длабоко возменирени од растечкиот притисок на властите кон опозициските медиуми и специјално од апсењето на Мурат Субунџу, главен уредник на весникот „Џумхуриет“ и еден од најпочитуваните турски новинари, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Тој го осуди континуираното приведување новинари по обидот за преврат во Турција.

.- САД ги поддржуваат напорите на турската Влада да ги изведе пред суд одговорните за обидот за преврат. Но истовремено ние го повикуваме нашиот сојузник и пријател Турција да го гарантира почитувањето на основите права и слободи, додаде Кирби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e