Русија: Нападот на Сирија нема да остане без последици

За нападот на Сирија се одговорни САД, Велика Британија и Франција, изјави амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов.

Тој предупреди дека нападот нема да остане без последици.

“Ги оправдаа нашите стравови. Не ги слушнаа нашите предупредувања. Се реализираше планираното сценаријо. Повторно ни се закануваат. Предупредувавме дека такви акции нема да останат без последици. За се се одговорни Вашингтон, Лондон и Париз”, се вели во соопштението од амбасадата на Русија.

Шефот на дипломатската мисија најави дека испадите на сметка на Русија се недопустливи.

Извор: Алсат 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ