Решена мистеријата на чудната смрт на Давиде Астори: Обдукцијата покажа од што почина фудбалерот

Капитенот на Фиорентина Давиде Астори почина пред неколку дена пред мечот во Удине, а обдукцијата ја покажа и причината за неговата смрт.

Давиде Астори починал во сон, а надлежните велат дека смртта настапила од природни причини, односно поради срцев застој.

-Ние имаме идеја дека тој починал поради срцев застој и тоа поради природни причини. Чудно е што тоа му се случи на професионален спортист кој е на постојано набљудување и при тоа немало никакви знаци дека такво нешто ќе му се случи, вели обвинителот од Удине, Антонио Де Николо.

-Отворивме истрага против непознат сторител поради сомнение за убиство од небрежност на Давиде Астори, рече јавниот обвинител, што меѓудругото е редовна постапка во вакви случаи.

Централниот бек на 7 јануари наполни 31 година, а за италијанската репрезентација запиша 14 настапи, со еден погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ