Ракетата која ја лансираше Северна Кореа сепак завршила во јапонското море

Северна Кореја утринава синоќа истрела уште една балистичка ракета за која првично не се знаеше на каде е упатена сепак завршила во Јапонското Море. Ова е трета проба што Северна Кореја ја врши во период од три недели.

Јужнокорејската војска соопшти дека „неидентификувана балистичка ракета е истрелана во 5.09 часот по локално време, од место во близина на пограничниот севернокорејски град Вонсана, во правец на исток“.

„Ракетата, веројатно од типот „скад“, прелетала 450 километри пред да падне во морето“, стои во соопштението на јужнокорејскиот генералштаб. Јапонската влада испрати протестна нота поради новата проба, која ја потврди и американската војска во Тихиот Океан.

Во Сеул, претседателот на Јужна Кореја свика состанок на Советот за национална безбедност, јави агенција „Јонхап“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e