Путин во Средоземното море го испраќа носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“

Како поддршка на руските воените авиони во Сирија, Русија ќе го испрати својот единствен носач на авиони во источното Средоземје, изјави во среда рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој додаде дека „Адмирал Кузњецов“ ќе им се приклучи на другите руски бродови распоредени во близина на сирискиот брег.

Медиумите во Русија јавуваат дека мисијата е планирана за есен а додека Шојгу не прецизираше кога бродот ќе биде испратен.

Бродот „Адмирал Кузњецов“, изграден во времето на Советскиот сојуз, е единствен носач на авиони во руската Воена морнарица и неодамна е обновен, а носи авиони ловци од поновата генерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e