Путин нареди да биде објавена нова хуманитарна пауза во Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските војници да објават хуманитарна пауза во сирискиот град Алепо на 4 ноември од девет до 19 часот по локално време. Решението е донесено во согласност со сириското раководство, изјави денеска началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов.

– По наредба на Путин, кој е врховен командант на вооружените сили, министерот за одбрана Сергеј Шојгу донесе одлука за објавување на нова хуманитарна пауза во Алепо, со цел да се избегнат непотребни жртви, истакна Герасимов.

Тој нагласи дека сите осум хуманитарни коридори, кои се претходно отворени во Алепо од рускиот Центар за помирување, ќе продолжат да функционираат, со цел преку нив да се извлечат цивили и бунтовници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e