Пучдемон: Ме третираат како да сум педофил

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, наведе дека јавноста го третира како педофил откако е пуштен да се брани од слобода во Белгија.

Пучдемон се наѓа во Брисел каде што замина кога Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската влада.

Тој и уште четворица министри ѝ се предадоа на белгиската полиција, а еден ден подоцна беа ослободени.

„Ме третираат како криминалец, како педофил, сериски убиец. Тоа е злоставување. Ова е користење на судовите во политички цели. Тоа е закана бидејќи делото за кое сум обвинет може да ме затвори зад решетки 30 години. Тоа е лудост. Тоа не е правда, туку освета“, рекол Пучдемон за „Скај Њуз“.

Тој рекол дека не е бунтовник и дека е многу дисциплиниран.

„Само сакам да го направам тоа што го одобри мојот парламент. Тое е многу нормално, нема ништо бунтовничко во тоа“, рекол Пучдемон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e