Прва жртва во спасувачката акција на заробените деца во пештера во Тајланд

Еден спасувач загина за време на акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот тренер кои се уште се наоѓаат заглавени во пештера на северот од Тајланд. Станува збор за Саман Гунану, поранешен нуркач од тајландскста морнарица, кој загубил свест додека излагувал од пештерскиот комплекс каде ги поставувал боците со кислород. Но, додека се враќал за себе немал доволно кислород.

-Условите во пештерата се многу тешки. Кога мајор Саман ги оставил боците со кислород внатре, се обидел да се врати назад. По пат загубил свест, неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но тој останал во бесознание, изјави командантот на тајландските „Фоки“

Ситуацијата е влошена откако за време на операција за спасување, спасувачите волонтери ненамерно впумпале дополнителна количина вода наместо да ја испумпаат. Волонтерите, дејствувајќи самостојно, впумпале вода во дел од пештерата кој е поплавен и кој моментално се празни.

-Не можеме повеќе да чекаме да се создадат условите, бидејќи ситуацијата не притиска. Мислевме дека децата можат да останат безбедни внатре, но сега ситуацијата е променета, и времето е ограничено, вели командантот.

Проблем и натаму се комуникациите, додека спасувачите разгледуваат и други опции за да ги извлечат децата пред да почне сезоната на монсуни и нови дождови, која официјално стартува во сабота. Се разгледува можноста да се направи нова дупка во пештерата од каде би се извлекле заробените. Се уште не е воспоставена телефоонска линија, а патот од децата до површината трае повеќе од шест часа. Нивото на водата во изминатите неколку дена е намалено за 40 отсто, со што речиси е расчистена делницата од 1.600 метри која децата ќе мора да ја поминат.

Децата и нивниот тренер беа пронајдени живи во пештера на Тајланд, девет дена откако исчезнаа во неа по поплава, исцрпени се, и имаат помали повреди, а преживеале со пиење вода која капе од сталактитите. Спасувачките тимови  во понеделникот ги пронајдоа децата, на вораст од 11 до 16 години, и нивниот 25-годишен фудбалски тренер, кои на 23 јуни влегле во пештерата Там Луанг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e