Протести на Ибица: Островот познат по најдобрите журки доживува промени

Повеќе од 500 луѓе излегоа на улиците за да протестираат против пренаселеност на островот Ибица во текот на туристичката сезона, а ова е прв протест на островот кој е најпознат по својот гламурозен ноќен живот.

Протестот, кој го организираше локалната група „Prou!“, одржан е во Вара де Реи на Ибица во петокот.

Бунтовниците бараа да се укине приватизацијата на плажите, бродовите за забави, а бараа и да се намали стапката на криминал на островот, но и зголемување на цените, како и изнајмувањето на апартмани.

„Ние не го одбиваме туризмот, но одбиваме туризам кој е неограничен, претеран и нема ниту малку почит кон луѓето кои живеат овде“, изјави претставникот на организацијата Ангелс Ескандел.

Во 2017 година Ибица ја посетија 3.236.360 туристи, што е за пет отсто повеќе во однос на претходната година, додека бројот на локалното население изнесува само 130 илјади жители.

Токму поради тоа локалното население и поднесува жалби против туристите, а островот наскоро нема да може да ги поднесе туристите, кои, според статистиките и очекувањата, ќе ги има се повеќе и повеќе на овој остров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e