Претставник на курдите тврди дека лидерот на ИД се наоѓа во Мосул

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ел Багдади се наоѓа во Мосул и кога тој би бил убиен тоа ќе и нанесе „смртоносен удар“ на терористичката група, изјави истакнатиот курдски претставник Фуад Хусеин.
Хусеин, кој е шеф на кабинетот на курдскиот лидер Масуд Барзани, истакна дека курдските власти имаат информации од повеќе извори дека Багдади е во Мосул, градот за чие освојување се борат ирачките сили.
Според него, во последните осум или девет месеци Багдади се крие, оценувајќи дека е очевиден поразот на џихадистичката група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e