Претседателот на Чешка ќе биде хоспитализиран неколку дена

Претседателот на Чешка Милош Земан ќе биде хоспитализиран неколку дена за да „ја врати кондицијата“, изјави денеска портпаролот на претседателството, Жири Овчачек.

Тој рече дека Земан, кој има 75 години и е страстен пушач, ќе биде примен во Воената болница во Прага и дека ќе биде отпуштен во недела.

Земан во последно време има проблеми со одењето, дијабетес и невропатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e