Премиерот на Ерменија поднесе оставка

Новоизбраниот ерменски премиер Серж Саргсјан соопшти денеска дека поднесува оставка.
Саргсјан поднесе оставка по десетина денови масовни протести во Ереван и други градови во државата.
Ерменскиот Парламент во вторникот го избра Саргсјан за премиер. Саргсјан 10 години беше претседател на државата.

Демонстрантите на улици излегоа поради спорна измена на уставен амандман кој во 2015 година извршната власт ја пренесува од рацете на претседателот во раце на премиерот.

Именувањето на Саргсјан за премиер е дел од ерменската транзиција кон систем што намалува овластувања на претседателот и јакне премиерски овластувања додека критичарите сметаат дека таа измена на Саргсјан ќе му овозможи доживотно да ја води државата.

Во текот на денот беше пуштен од притвор и опозицискиот лидер Никол Пашињан, ден по апсењето.
Полицијата вчера приведе тројца опозициски лидери и речиси 200 демонстранти. Во текот на денов, во протестите се придружија и група ерменски војници иако МО соопшти дека ќе бидат строго казнети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e