Пожарот во Калифорнија – најголем во нејзината историја

Двата шумски пожари во Калифорнија, уште наречени пожарот од комплексот Мендоцино, се проширува и се заканува да стане најголемиот активен шумски пожар во историјата на државата, објавија официјалните претставници.

Пожарите во изминативе денови се ширеа брзо, при што досега пеплосаа 283.800 хектари земјиште – област речиси со големина на Лос Анџелес.

Пожарникарите се справуваат со 16 големи пожари низ оваа федерална држава, кои избувнаа како последица на топлото време, силните ветришта и ниската влажност.

Досега има најмалку седум загинати во северниот дел на државата.

Повеќе од 14.000 пожарникари и стотици американски војници се обидуваат да стават под контрола повеќе од десетина главни пожари што горат низ целата држава.
Метеорологот на Националната метеоролошка служба, Брајан Херли, предупреди дека условите нема да се подобрат веднаш – со предвидувања за некои области каде се предвидуваат високи температури до 43 степени.

Официјалните претставници велат дека во комплексот Мендоцино, каде горат два блиски пожари со кои се постапува како со еден поглем, е надминаат минатогодишниот пожар Томас и може да стане најголем во историјата на државата.

Скот Меклин, заменик-шеф на калифорниското Министерство за шумарство и противпожарна заштита (CalFire) ги опиша шумските пожари како “исклучително брзи, екстремно агресивни, исклучително опасни”.

Досега под контрола се ставени само 30% од пожарот, при што властите предупредуваат дека може да потрае уште една недела за целосно да се совлада.

Експертите велат дека 2018 година има најлош почеток на сезоната на пожари во изминатите 10 години – делумно поради сушата од 2012-2017 година, која ги уништи големите вегетации.

Во декември, гувернерот Џери Браун рече дека катастрофалните пожари предизвикани од климатските промени станаа “нова нормална ситуација”.

Американскиот претседател последниве денови на социјалните мрежи ги критикуваше гувернерот Џери Браун и законите за заштита на животната средина во Калифорнија.
Тој вчера на Твитер напиша дека пожарите се “зголемени и станале уште поопасни” поради политиката на Калифорнија за пренасочување на водата во Тихиот Океан.

Заменик-началникот на противпожарниот оддел Меклин, ги отфрли коментарите на Трамп , велејќи дека пожарникарите имале “многу вода” за да се справат со овие пожари.

“Промената на климата доведува до потешки и деструктивни пожари што ги гледаме оваа година и тоа же продолжи “, изјави тој за магазинот “Тајм”.

Некои веруваат дека твитовите на Трамп се однесуваат на прашањето за водоснабдувањето, заштитата на рибините живеалишта и локалните фармери, но експертите за животна средина велат дека ова нема значење за способноста на државата за противпожарна заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e