Повредени 39 лица во земјотрес во Турција

Најмалку 39 лица се повредени во земјотрес што ја погоди турската југоисточна провинција Адијаман. Земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Поради земјотресот затворени се основните и средните училишта во провинцијата. Турскиот министер за здравство Ахмет Демирчан изјави дека од 39 повредени, 35 се задржани во болница, но нивната состојба не е критична.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e