Подметнат пожар во караоке бар во Кина, загинаа 18 луѓе

Најмалку 18 лица загинаа, а пет се повредени во подметнат пожар во караоке бар на југот на Кина, а полицијата го уапси осомничениот. Лиу Чунлу (32), осомничен за подметнување на пожарот, уапсен е набрзо откако властите понудија награда од 32.000 долари за информации каде се наоѓа. Полицијата на градот Чингјуан соопшти дека осомничениот имал изгореници, но не е соопштен мотив.

 Кинеската телевизија јавува дека Лиу предизвикал пожар по кавга во караоке бар во транспортната зграда.

Осомничениот со мотоцикл го блокирал единствениот излез од барот и потоа го запалил. Полицијата, пожарникарите и здравствените служби добиле повик нешто по полноќ. Пожарот е изгасен по половина час, а повредените се префрлени во болница, пренесе АП.

Најмалку 22 лица загинаа минатата година во подметнат пожар во двокатница на истокот на Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e