Почина Украинецот кој беше претепан од Русин за време на натпреварот Хрватска- Русија

Еден граѓанин на Украина починал во Анталија (Турција), откако бил претепан од руски насилници. 57-годишниот украински турист од Запорожје една недела беше во кома.

Како што објавија од „Интерфакс-Украина“, жител на Запорожје почина во сабота околу 10 часот. Украинецот претрпел сериозни повреди откако пред хотелот во градот Аланија, провинција Анталија, бил претепан од руски државјанин. Според информации, конфликтот меѓу украински државјанин и 30-годишен руски турист потекнал од гледањето на натпреварот од 1/8 финалето на Светското првенство меѓу Русија и Хрватска (2: 2, пенали 3:4).

Според роднините на починатиот, турската полиција го казнила Русинот со 800 долари, по што тој заминал во својата татковина.

Светското фудбалско првенство заврши денеска со финалето Франција – Хрватска во кое Франција ја освои титулата светски првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e