Почина фудбалер на сред натпревар во Хрватска

На натпреварот на локалните хрватски клубови Нафта Козарице и Напријед Крапје, почина 32-годишен играч на екипата од Козарице.

Како што пренесува локалниот портал Новска, несреќниот фудбалер уште на почетокот на мечот тешко трчал, за во 12 минута да падне на теренот.

Другите играчи дотрчале на помош, по извесно време стигнала и екипа на Брзата помош, која подолго време се обидувала да го реанимира.

За несреќа на фудбалерот му немало спас, и умрел на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e