Парламентарна комисија ќе го преиспитува владеењето во Бугарија во последните 10 години

Новоформираниот бугарски Парламент денеска со 214 гласа „за” ја донесе одлуката за формирање парламентарна комисија за истражување на злоупотребите и погрешното трошење средства од бугарските влади, министерствата, државни органи, претпријатија и компании со повеќе од 50 проценти државно учество во нивниот капитал во последните 10 години, јавува дописникот на МИА од Софија.

Првичниот предлог на пратеничката Маја Манолова и нејзината пратеничка група “Стани! Излези!” претрпе неколку големи промени. Јордан Цонев од Движењето за права и слободи предложи зборот „ревизија” да се замени со „инспекција” затоа што парламентот нема такви овластувања. На предлог на коалицискиот партнер на ГЕРБ, Румен Христов, предвидениот четиригодишен период е заменет со инспекција за последните 10 години.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, периодот на инспекција ќе ги опфати не само владите на Бојко Борисов, туку и владата на Пламен Орешарски во периодот 2013-2014 година, што беше предводена од БСП и ДПС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e