Пандемијата го зголеми богатството на најмоќните Јапонци за 50%

Најбогатите Јапонци го зголемија своето богатство за речиси 50 проценти во текот на изминатата година, и покрај пандемијата, објави денеска списанието „Форбс Азија“.

Нето богатството на 50-те најбогати луѓе во Јапонија се зголеми за 48 проценти на 249 милијарди долари во споредба со претходната година, благодарение на закрепнувањето на извозот, како и скокот на берзанскиот индекс Никеи кој се зголеми за 54 проценти во споредба со една година претходно.

Богатството на секој од 50-те најбогати првпат надмина милијарда долари, според ранг-листата на тој бизнис магазин за 2021 година.

На врвот на листата според богатството е претседателот и извршен директор на јапонската SoftBank група, Масајоши Сон.

Неговото богатство двојно се зголеми и достигна 44,4 милијарди долари.

Претседателот и извршен директор на Fast Retailing, Тадаши Јанаи, чија компанија стои зад синџирот облека Uniqlo, го зазеде второто место, со богатство зголемено за околу 90 проценти, односно 42 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e