Американски воени експерти: Третата светска војна ќе биде брза и екстремно смртоносна

Третата светска војна ќе биде брза и екстремно смртоносна. Тоа е застрашувачка визија за војна и не наликува на ништо што некогаш било замислено, истакнаа американски воени експерти и функционери на конференција за иднината на војската во Вашингтон.

Воените експерти на САД ги открија своите предвидувања во случај на голем конфликт и тврдат дека војна меѓу големите држави во некој момент во иднината е речиси загарантирана, пренесува Дејли мејл.

Вештачката интелигенција и паметното оружје ќе бидат во прв план а непријатели ќе бидат современите држави кои ќе се однесуваат агресивно.

„Конвенционалните судири во блиска иднина ќе бидат екстремно смртоносни и брзи“, изјави генералот Вилијам Хикс на годишната конференција за иднината на војската во Вашингтон. „Брзината на настаните ќе ги надмине човечките способности. Брзината со која машините донесуваат одлуки во иднина ќе бара нов однос меѓу човекот и машините“.

И Кина и Русија трупаат големи армии кои сѐ повеќе се базираат врз технологија и на тој начин го приморуваат Пентагон да размислува и да се поготвува за „насилство какво што војската на САД не видела уште од Кореја“, тврди Хикс.

Генералот Џозеф Андерсон наведува дека САД се соочуваат со закана од современите национални држави кои се однесуваат агресивно.

„На кого ви личи тоа? На Русија?“, праша тој.

„Војната меѓу големите држави во некој момент во иднината е речиси загарантирана“, кажа армискиот генерал Марк Мајли.

„Идните противници би можеле да ја прекинат доминацијата на САД во воздухот која е обезбедена уште во времето на корејските војни, а новите оружја би можеле да ја спречат морнарицата да се вклучи во борбата“, предупреди тој.

Што значи дека копнените сили би морале да им овозможат пристап на поморските единици, а војската дефинитивно ќе мора да доминира и во воздухот над боиштата, смета тој.

Според Мајли, војската ќе мора да биде спремна да се ангажира и во сајбер војување преку вселенски станици и прецизна навигација, која сега се зема здраво за готово, и да се бори во комплексно урбано опкружување.

Тој наведе и долг список на фундаментални промени со кои се соочуваат САД и војската, вклучувајќи ја обновената закана од Русија, растечката економска и воена моќ на Кина, сѐ поголемиот број нестабилни држави и климатските промени кои би можеле да доведат до дополнителни нестабилност.

„Ако нашата цел е да се спречи војна, нашите војска и народ мораат да бидат спремни за неа“, заклучи тој.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e