Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие беа отруени во март во Англија, поради што беа хоспитализирани, но и двајцата закрепнаа.

Британската полиција се сомнева дека повеќе Руси се вмешани во обидот за убиство на Скрипалови и трагаат за повеќе од еден осомничен, наведува АП. Истражителите ги идентификувале осомничените на снимките од надзорните камери и ги споредиле добиените податоци со податоците за лицата кои во тоа време влегле во земјата.

Изминатите недели британската антитерористичка полиција го истражувала и убиството на жената која почина на 8 јули, една недела откако беше изложена на новичок во близина на англискиот град Солсбери, каде што беа отруени и Скрипалови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e