Осуммина мртви при напад во средно училиште во Санта Фе

Најмалку осум лица загинале откако ученик во Санта Фе отворил оган на час по ликовно во средно училиште во Тексас. Полицијата веднаш одговорила на пријавата и моментално голем број на полициски автомобили се наоѓаат на самото место, потврдиле локалните медиуми.

Сведоци велат дека многу ученици се засолниле во соседната работилница за поправки на автомобили. Бројни средношколци чекаат на училишните автобуси да ги префрлат на побезбедна локација.

На една од снимките од воздух се гледа дека полицијата ги претресува учениците пред паркираните школски автобуси.

Еден од родителите кој се јавил во живо во програм на ТВ “АБЦ”, тврди дека видел барем 4 повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e