Осудените Каталонци ќе поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права

Осудениот каталонски активист Жорди Кучарт изјави дека политичарите и активистите кои добија повеќегодишни затвориски казни поради улогата што во обидот за отцепување на Каталонија од Шпанија во 2017 година ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права.

„Имаме морална должност да го демантираме овој (шпански) авторитарен став и апелираме до европските граѓани да ги браниме човековите права“, наведува Кучарт во писмена изјава за агенцијата АП.

Тој е претседател на активистичката група „Омниум Културал“, која учествуваше во движењето за независност за Каталонија.

Кучарт, кој е осуден на девет години затвор, наведе дека осудените мора прво да се жалат до Шпанскиот уставен суд пред да поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права. Тој додаде дека ќе бара амнестија „како решение за овој политички судир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e