Од експлозија на експрес лонец уништени 600 куќи

Пожар во една населба во бразилскиот град Манаус уништи најмалку 600 дрвени куќи, соопшти полицијата.

Официјални лица соопштија дека најмалку 17 луѓе се повредени.

Шефот на јавната безбедност во градот, Амадеу Соатре изјави дека можна причина за пожарот е експлозија на експрес лонец. Околу 150 семејства останаа без дом поради пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e