„Немојте да се грижите“, пишаа заробените момчиња во Тајланд – Спасувачка акција деновиве, најавија властите

Тајландските власти се уверени дека има можности во следните три до четири дена да бидат ослободени 12-те заробени момчиња и нивниот тренер од пештерата каде беа пронајдени изминатава недела, пренесува Гардијан.

Момчињата, кои 14 дена се наоѓаат во пештерата, во писма до нивните родители напишаа: „Немојте да се грижите, сите сме цврсти“. Пораката вклучувала и барање за храна, како пржено пилешко.

„Учители, немојте да ни давате многу домашно!“, „Добро сум, иако е малку ладно. Немојте да ми го заборавите роденденот“, пишувало во дел од пораките. Тренерот напишал извинување до родителите за целата ситуација, ветувајќи дека се грижи за момчињата најдобро што знае.

Властите ќе бидат фокусирани на намалување на опасностите од спасувачката операција додека нов дожд или токсичниот воздух во пештерата ги принуди на акција.

Гувернерот на провинцијата, Наронгсак Осатанакорн, денес изјавил дека акцијата за отстранување на водата низ 3,2 километарскиот пат до местото каде се наоѓаат децата била многу успешна.

Сепак, се очекува дека следуваат нови силни врнежи во следните денови, а веќе следната недела според временските прогнози се очекува и пороен дожд, што им дава на спасувачите само неколку дена да ги извадат децата и тренерот пред тие да бидат заробени од водата, можеби и до јануари, додал гувернерот.

„Следните три до четири дена се најповолното време за спасувачката мисија според еден од нашите акциски планови. Доколку чекаме предолго, не знаеме колку многу дожд ќе наврне“, изјавил Осатанакорн на пресконференција пред пештерата.

Тој изјавил дека силните врнежи имале „цунами ефект“ во внатрешноста на пештерата, каде момчињата се заробени од 23-ти јуни.

Два услова ќе бидат клучни за одредување на моментот кога ќе започне спасувачката акција. Првиот е квалитетот на воздухот во просторијата каде се наоѓаат децата, каде нивото на кислород сега е оппаднат на 15%. Гувернерот соопштил дека доколку нивото падне под 12% кислород тоа ќе биде опасно по животот на заробените луѓе. Вториот услов е нивото на водата во внатрешноста на пештерата. Властите за прв пат соопштиле дека местото каде се наоѓаат децата не е безбедно од поплавување.

12-те момчиња на возраст од 11 до 16 години биле на екскурзија со нивниот тренер и влегле во пештерата, од која потоа не можеле да излезат поради надојдената вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e