Навални го прекина штрајкот со глад

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави дека го прекинува штрајкот со глад.

Информацијата ја објави на својот профил на Инстаграм. Во текстот, Навални (44) вели дека тоа го прави за добрите луѓе на светот кои не останале рамнодушни на неговата судбина.

„Ви благодарам и нема да ве изневерам“, нагласува тој.

Неговиот протест почна откако неговата здравствена состојба во затворот се влоши и властите одбија лекар по негов избор, на кого тој има право според законот.

„Пред два месеца тие се смееја на барањето за медицинска помош, не ми дадоа лекови и не ми дозволија да ми ги дадат. Пред еден месец, тие ми се смееја во лице кога прашав: Каква е мојата дијагноза? Дали можам да видам сопствен медицинско досие?Сега сум прегледан двапати од совет на цивилни лекари. Тие прават истражувања и анализи и ми ги даваат резултатите и заклучоците“, објасни Навални.

Штрајкот со глад го почна во крајот на минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e