Научно доказано: Хрватите и Србите имаат најмногу словенски гени на Балканот

Меѓу народите на Балканот, Хрватите и Србите имаат најголем словенски генетски отпечаток, според, студијата „Генетска историја на Балканот од римската граница до миграцијата на Словените“, која штотуку беше објавена во престижниот списание Cell, објави Јутарњи лист.

Повеќе од 70 научници, од кои повеќе од 30 од Хрватска, беа вклучени во ова мултидисциплинарно истражување, предводено од Институтот за еволутивна биологија во Шпанија, Универзитетот во Западен Онтарио и Универзитетот Харвард. Археолозите, антрополозите, генетичарите и историчарите ги реконструирале и анализирале целосните геномски податоци на 146 антички луѓе.
Така, тие ја реконструирале геномската историја на Балканскиот Полуостров во првиот милениум после Христ.

„Ова е всушност еден вид пилот студија бидејќи во блиска иднина под раководство на Универзитетот Харвард ќе бидат објавени многу поголеми студии кои се занимаваат со оваа тема, т.е. генетска историја на современите жители на Југоисточна Европа и воопшто на Словените. Преку ова истражување, добивме непобитни биолошки докази за масовното населување на поединци и заедници кои зборуваат словенски јазици во раниот среден век на Балканот, па се до Грција и Егејските острови, и дека најголемиот дел од генетското наследство на современите жители на овие простори можат да се поврзат токму со овие миграции. Словенската генетика, според сегашната состојба на истражување, сочинува 50-60 проценти од генетското наследство на Хрватите и Србите, а колку појужно се оди тој број се намалува. Сепак, важно е да се нагласи дека нашето генетско наследство опфаќа добар дел од генетскиот материјал на првобитните жители на овие простори, од популациите од бронзеното и железното време до римските доселеници од различни области на Римската империја – објасни д-р. Марио Новак од Институтот за антропологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e